Мицкоски се противи на позитивниот извештај за С. Македонија: Ни од далеку не ја отсликува реалноста

од Aleksandar Todeski
245 прегледи

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање вели дека неможел да се сложи со ниту еден дел од извештајот на Европската Комисија, освен во делот каде што пишува дека граѓаните заслужуваат да се отпочнат преговори со Европската Унија.

Фото: Борче Поповски

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде дека ние заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија. Она што е важно е ние како држава и народ да го добиеме тој датум за преговори. Јас го прочитав последниот скратен извештај испорачан од канцеларијата на ЕУ од нашата држава до Брисел и единствено нешто со што можам да се сложам со тој извештај е делот во којшто се бара да се почне тој процес. Тој извештај ни од далеку ни од блиску не ја отсликува реалноста“, рече Мицкоски.

Според него, едниствената реалност била тоа што народот, односно граѓаните заслужувале почеток на преговори со Европската Унија, додека пак се друго напишано во извештајот било далеку од реалноста.

Инаку во извештајот е напишано дека се исполнети сите услови и реформски процеси за Северна Македонија конечно да добие датум за преговори со Европската Унија.

Слични содржини