Венеција, познатата туристичка дестинација, е сосема опустошена поради страв од коронавирусот.
На улиците, плоштадите, но и рестораните кои обично се преполни, сега може да се види по некој турист, а повеќето носат заштитни маски.

И каналите се испразниле, а возењата со гондоли веќе не се толку чести.
Намален е и бројот на летови кон овој град кој годишно го посетуваат околу 30 милиони луѓе. Откажан е и познатиот карневал.
Здравствените работници ги дезинфицираат јавните места, улиците, тротоарите, мостовите, плоштадите и базените. Посебно се чистат и гондолите и другите превозни средства. Од друга страна, никогаш не било полесно да се фотографираш на популарни локации, а овој пат нема страв дека група луѓе ќе ви влета во кадар.