Сега сум зафркната: Криси Тајген сака да ги вади силиконите

од Elena Daskalova
365 прегледи

Манекенката и фотомодел Криси Тајген силиконите во своите гради ги ставила пред 14 години, но сега сака да ги извади бидејќи почнале многу да ѝ пречат.

– Да, кога имав 20 години, ставив импланти во градите. Тоа беше поради костимите за капење. Мислев, кога веќе позирам, легната на грб, сакам тие (градите) да бидат „разиграни“. Но, потоа добив деца, па ми се полнат со млеко и сега сум зафркната – раскажува сосем искрено моделот.

Криси објаснува дека не правела целосна корекција, туку само вградила импланти, но со лактацијата по добивањето на децата сфатила дека ѝ пречат.

Манекенката со норвешко-тајландско потекло, од 2013 година е омажена за пејачот Џон Леџенд и имаат две деца, Луна и Мајлс.

Слични содржини