Мачките и кучињата не можат да го пренесат на човекот новиот коронавирус, но можат да бидат позитивни на тестот доколку се заразат од нивните сопственици.

Ова е заклучокот на Одделот за земјоделство, рибарство и заштита во Хонг Конг, откако тестирале куче во карантин. Тоа на 27-28 февруари и на 2 март имало „благо позитивен“ резултат на тестот за вирусот.
Портпаролот на одделот изјави дека нема докази дека миленичињата можат да бидат извор на инфекција со и дека не можат да се разболат.
Научниците се сомневаат дека вирусот е познат како САРС-КоВ-2, потекнува од лилјаците пред да се пренесе на другите видови, веројатно мали диви цицачи кои го пренеле на луѓето.
Сепак, експерти од повеќе универзитети се согласуваат дека тестираното куче имало ниско ниво на инфекција, па веројатно е дека вирусот е пренесен од човек на животно.
Одделот за земјоделство, риболов и заштита во Хонг Конг соопшти дека сите домашни миленици од домаќинства, каде што некој е заразен со коронавирус, треба да бидат ставени во карантин.
Сопствениците на миленичиња треба да одржуваат добра хигиена, што подразбира миење на рацете пред и после допирање на животните и да не ги бакнуваат. Пациентите треба да избегнуваат контакт со домашните миленици, а доколку забележат промени во здравјето на животните, треба веднаш да го известат ветеринарот, пренесува Бета.
Покрај одржувањето на хигиената, на сопствениците на миленичиња им се советува да не бидат претерано загрижени и да не ги напуштаат своите миленици.