Стампеда на луѓе кои панично бараат тоалет хартија станаа честа глетка во повеќе делови на Австралија. Во земјата се појави огромен интерес за овој производ, а сѐ поради коронавирусот.

Луѓето поради тоа започнаа и да се однесуваат насилно, а ситуацијата ескалираше на една локација во Сиднеј. Таму една кавга за тоалет хартија за малку не заврши трагично, откако еден од купувачите во паника извадил нож заканувајќи му се на друг купувач.
Според извештајот на локалната полиција, судирот се случил меѓу еден маж и една жена во супермаркет, но, за среќа, во метежот никој кој настанал никој не е повреден.