Европската комисија подготвува дополнителна помош од 500 милиони евра за сириските бегалци во Турција и неколку мерки за ублажување на тензиите со Анкара, дознава АП од европски извор.
Сумата од 500 милиони евра е додаток на шесте милијарди евра распределени според договорот склучен во 2016 година за финансирање на програми што ги започнаа невладините организации за скоро 3,7 милиони сириски бегалци во Турција, објаснува изворот, а пренесува Хина.
Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лејен, предлага да се поедностави доделувањето визи за турските државјани.
Министерот за надворешни работи на Европската унија, Јосеп Борел во средата објави деблокирање на брзата помош од 170 милиони евра за најранливите во Сирија.
ЕУ ја отфрли турската уцена
Овие мерки треба да ја смират Анкара, која одлучи да ослободи мигранти и бегалци од цела Европа.
Десетици илјади мигранти дојдоа на грчката граница.
„Ако европските земји сакаат да го решат проблемот, тие мора да ги поддржат турските политички и хуманитарни решенија во Сирија“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата.
Европската унија цврсто ја отфрли турската уцена за мигрантите.