Град Скопје во соработка со Општина Карпош го реализира проект за изведба на нов парк во населбата Карпош 4, кој ќе се простира долж бул. „Илинден“ на површина од 60.000 м2.
-Заради изборите немам законска можност да држам прес конференции за отпочнување на активности финансирани од Градот.Токму заради тоа и не се одржа прес за отпочнување на подигање на третиот дел од Градски парк, карши Карпош 3 и Карпош 4. Инаку, таму веќе на големо се работи на изградба на новиот парк, со површина од над 60.000 м2 и расчистување на над 100.000 м3 шут, , напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Новиот парк на површина од 60.000 м2 се надоврзува на Спортско – адреналинскиот дел.На овој потег со децении се одлагаше отпад, остатоци од скопскиот земјотрес, а се палеа и огнови на отворено.
Публикувахте от Петре Шилегов в Събота, 7 март 2020 г.