
Уште еден страшен инцидент во Германија! Пред натпреварот од втората Бундеслига помеѓу Нирнберг и Хановер, кој заврши 0:3, непознати лица преку налепници распространија смртни закани против двајца домашни играчи.
Се работи за капитенот Хано Бернес и Лукас Мул. Постерот што го обиколи германското издание на „Билд“ гласи: „Кога конечно ќе се разделите со оние фудбалери кои го продаваат својот клуб на своите поранешни екипи, ако доволно платат … Дали ќе има втор случај „Ескобар“?, пишува на налепницата.
Се мисли на колумбискиот дефанзивец Андрес Ескобар, кој беше застрелан со шест куршуми во 1994 година, откако постигна автогол против САД на Светскиот куп.
Раководството на Нирнберг веднаш подаде жалба, но двајцата играчи се согласија со тренерот на тимот, Јенс Келер да играат против Хановер.
Налепниците беа залепени околу стадионот и тренинг-базата на клубот. Навивачите на Нирнберг помогнаа во нивно отстранување, а полицијата подоцна собра докази.

Спортскиот директор на Нирнберг, Роберт Паликука го осуди настанот.
„Ние остро го осудуваме овој одвратен и невкусен чин. Ќе сториме сé што можеме за да ги донесеме одговорните пред лицето на правдата“, рече тој.
Тренерот Јенс Келер се придружи на овие зборови.
„Не можете да мислите на ништо друго. Ова е многу тажно. Мислам дека е планирано однапред. Кога ќе погледнеме што се случува со нападите врз Дитмар Хоп, е многу тажно. Немам зборови. Одзема од забавата на играта“, рече тој.