Меланија Трамп на Твитер објави фотографии од изградбата на тениското игралиште во Белата куќа.
Таа носи заштитен шлем и заедно со проектантите ги разгледува нацртите. Многумина пак, одлучија дека треба да ја нападнат за ова.
„Светот умира, коронавирусот се шири, а ние гледаме тениски терен“, „Белата куќа повеќе се грижи за тенискиот терен на Меланија, но не и за тестови за коронавирус“, „Ова не треба да се случува за време на епидемија“, „Значи вака следите што се случува со животите на луѓето“, беа само дел од лутите коментари на следбениците на Меланија.
Но, наместо поединечно да се правда на секого, таа одлучи да одговори кратко и јасно:
„Ги охрабрувам сите кои бираат да бидат негативни за мојата работа да дојдат во Белата куќа и да соработуваат, за да направиме нешто корисно и за нивната заедница“, одговорила Меланија Трамп.
I encourage everyone who chooses to be negative & question my work at the @WhiteHouse to take time and contribute something good & productive in their own communities. #BeBest https://t.co/03sx0rq2Nx
— Melania Trump (@FLOTUS) March 7, 2020