273
ЦО на ЛДП донесе одлука за коалиција со СДСМ на престојните избори и ги дефинираше кандидатите за пратеници.
-Боби Мојсоски и Моника Зајкова, честитки за двајцата, секогаш застапувајте правда!Нема сомнеж во победата на оваа коалиција, европската траекторија која е темел за идните перспективи на земјава е веќе трасирана, процесите кои следат ќе значат секој ден чекор поблиску до целта, (што би рекол нашиот Марјановиќ) – Македонија да биде пристојно место за живеење!, напиша пратеничката од ЛДП во македонското Собрание, Јулиана Николова.