Грците спречиле влегување на 1.646 мигранти во последните 24 часа

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Грчката полиција спречи 1.646 мигранти да влезат во грчката територија во последните 24 часа.

Уапсени се двајца мажи, еден од Египет и еден од Мароко, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Десетици илјади мигранти се обидуваат да ја преминат турско-грчката граница, откако Турција на 28 февруари изјави дека повеќе нема да ги задржува мигрантите и бегалците на нејзина територија, како што е инаку предвидено со договорот Анкара-ЕУ од 2016 година, пренесува Танјуг.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја повика Грција да ги отвори границите за да можат мигрантите да тргнат кон ЕУ.