Дел од метеоритот кој на 28 февруари експлодира над словенечко-хрватската граница е најден во двор од куќа во селото Пречна во близина на Ново Место.
Сопствениците на куќата сосема случајно го пронашле парчето и веднаш повикале стручни служби, кои потврдиле дека станува збор за вистински метеорит. Делот од метеоритот тежи 203 грама и веднаш е сместен во Природно-научниот музеј. Се претпоставува дека во околината на Ново Место има уште делови од метеоритот, па човекот кој го пронајде првиот ги повика своите сограѓани да ги пребараат дворовите, бидејќи големи се шансите и тие на најдат и други парчиња.
Инаку, метеоритот експлодира во воздух на висина од 34,5 километри, а во атмосферата влезе со брзина од 21 километар во секунда.
Učinilo mi se da sam nešto vidio….For licensing and usage, contact: [email protected]
Публикувахте от Tomislav Čar в Петък, 28 февруари 2020 г.