Заев: Расчистуваме со груевизмот во општеството и судството, можеме и ќе обезбедиме правна држава

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Денес СДСМ и ние кои сме дел од неа ги продолжуваме државотворните и одговорни политики кои водат напред. Две и пол години со СДСМ на власт, граѓаните одат напред, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на отворањето на 24. конгрес на владејачката партија.

„Сериозно бевме посветени на повисоки плати. Ветивме просечна плата од 30.000 денари за цел мандат, а денес, по само две и пол години, имаме просечна плата близу 27.000 денари. Нашите политики се потврдени од сите економски параметри. БДП е над проектираното. Сето ова го постигнавме додека решававме децениски спорови. Нема веќе газење врз луѓето, парите одат кај граѓаните, а не на стиропор и жални врби. Денес, нашата убава земја е 30. членка на НАТО и на чекор до преговори со ЕУ“, посочи Заев.

Тој потсети дека е донесен нов Закон за ЈО, додавајќи дека оние кои се за правда, ги надгласале оние кои се за неправда.

„Ќе работиме на поддршка, судството да работи независно. Нашите политику се признаени и препизнаени, затоа СДСМ секојдневно расте, зароа денес СДСМ ја предводи најголемата, најразноликата, победничка Коалиција. Направивме многу, сега е време да се обврземе пред граѓаните. Со крената глава кажуваме, можеме уште повеќе и уште подобро. Можеме и не признаваме не“, истакна лидерот на СДСМ.

На Конгресот, тој посочи дека ќе ја претстави програмата на СДСМ насловена „Можеме уште повеќе, уште подобро“, посочувајќи дека ќе се залагаат за уште подобра земја.

„Развиваме држава за достоинствен живот, систем во кој трудот на работниците се признава и плаќа, плата за живот. Ако можевме да обезбедиме највисок раст на платите досега, сигурни сме дека можеме уште повеќе. Расчистуваме целосно со груевизмот во општеството и судството. Верувам дека можеме и ќе обезбедиме правна држава“, рече Заев.

Тој истакна дека веќе сме 30. членка на НАТО, но и дека следува европеизација, односно носење на Европа дома. Посочи дека загадувањето ќе се менува со сончева енергија и гас. Најави градење на патна инфраструктура, како и нова електронска револуција, односно праќање на шалтерите во историјата.

Првиот столб на програмата на СДСМ е економијата, 100.000 вработувања и повисоки плати. Тој вети минимална плата од 300 евра, а просечна плата од 600 евра до крајот на идниот четиригодишен мандат. Пензиите, рече тој, ќе пораснат за 21 процент, а минималната пензија од 8.000, на 10.500 денари. Лидерот на владејачката СДСМ вети бесплатна зелена нафта за земјоделците.

„СДСМ во 2,5 години покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и тоа продолжува. 65.000 деца ќе примат детски додаток, а 34.000 семејства ќе имаат гарантирана социјална помош која е 300 отсто повисока. До 2021 година ќе нема ниту една институција без рампа за лица со инвалидитет. Воведуваме задолжително зеленчук и овошје во сите основни училишта“, нагласи Заев.

Најави ревизија на 5 отсто од судските пресуди во посчедните пет години и разрешување на судии кои намерно застаруваат случаи

„Фер и праведно општество не е можно без силно и праведно правосудство. Време е за правда“, рече Заев додавајќи дека тоа ќе не внесе во Европската Унија.

А.Т.

Фото: Локално

Слични содржини