Куварот на Новак Ѓоковиќ открива: Ноле јаде вегански сарми и ќебапи

од Aleksandar Petrovski
202 прегледи

Мени без месо – Љубица Комлениќ е жената која води сметка за исхраната на најдобриот светски тенисер, а во разговор за српски Курир открива дека Ѓоковиќ не јаде ништо од животинско потекло.

Мислите дека Новак Ѓоковиќ не јаде сарми и ќебапи. Е па јаде! Вистината е дека не е тоа познатата сарма, ниту традиционалните ќебапи, туку веган сарма и веган ќебапи.

-Ние соработуваме на пријателска база и нашата средба не е нималку случајна. Мислам дека можам многу да му помогнам, а забележувам дека и тој така смета. Му ја правам целата исхрана, а бидејќи тој е веган, се користи без глутен и шекер. Покрај тоа не јаде ништо што е од животинско потекло, а тоа подразбира дека во неговата исхрана нема ниту риба, иако сите мислат дека тој јаде риба, истакна Љубица Комлениќ куварката на Ѓоковиќ.

Но како без познатата скара на жар.

-Новак не негира дека го сака мирисот на традиционалната храна, но не ја јаде. Всушност тој сето тоа го јаде, но со корекција во содржината. Ќе ви дадам пример, Ноле обожува вегански сарми со кисела зелка од нашите простори. Наместо обични ќебапи, јаде вегански ќебапи. Исто така и со хамбургерот, тој го замени со вегебургер.

Многумина ги интересира како изледа чинијата на Новак Ѓоковиќ.

-Може да се биде шампион и со таква исхрана. Новак е најдобриот пример, иако не јаде храна од животинско потекло. Битна е техниката при подготвување на оброкот. Всушност преку веганската исхрана може да се внесе многу повеќе квалитетни состојки отколку кога ќе се испече јагне на ражен, изјави Комнениќ, која се запознала со семејството Ѓоковиќ во Рим, каде таа ја правела целокупната храна за сите учесници на тенискиот турнир.

 

Слични содржини