Џафери за „Монструм“: Сакавме да се менаџира целата ситуација за да нема меѓуетнички и меѓуверски тензии

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Во продолжение на рочиштето за предметот Монтрум сведочи поранешниот вицепремиер, Муса Џафери. Тој во сведоењето потенцираше дека за петкратното убиство кај Смилковското Езеро бил информиран од колегите во вечерните часови.

„Не се сеќавам колку беше часот кога ме информираа“, рече Џафери.

На прашањето од обвинителот дали за убиството комуницирал со тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Џафери одговори потврдно.

„Има големи шанси да сум комуницирал со него. Сум разговорал за да се информирам за настанот, кој беше многу сензитивен а знаев каква функција тогаш имаше Мијалков“, рече Џафери.

На прашањето дали може да се сети на разговорот со Блерим Беџети за Хаки Азири, сведокот одговори: „Генерално разговарав за настанот. Тогаш имаше многу нејаснотии во врска со тоа како се водат постапките, но бевме загрижени и како политички функционери. Сакавме да се менаџира целата ситуација за да нема меѓуетнички и меѓуверски тензии во Скопје и околината. Мојата загриженост беше во поглед на тоа да се знае судбината на лицата кои беа притворени во тоа време“, рече Џафери, додавајќи дека немал контакт со роднините на обвинетите.

На тоа, обвинителот му прочита разговор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неполн месец по петкратното убиство.

Во разговорот Џафери му вели на Ахмети дека ќе има проблем, дека семејството на обвинетите праќало стројници.

„Не се сеќавам дека комуницирав со роднините. Кога кажаа стројници мислев на сопартијците и колегите кои беа во Владата и сакам ова да го разберете убаво“, рече Џафери.

Беџети истакна дека Фејзи Азири го познава како активист бидејќи бил активен по разни настани и средби.

„Од тогаш поминаа многу години па не можам да се сетам на конкретна активност која ја организирала нашата политичка партија“ рече Беџети.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини