Натпреварот против Косово, фудбалерите ќе го играат без публика

од Aleksandar Petrovski
171 прегледи

Владата на РСМ донесе конечна одлука бараж-натпреварот од полуфиналниот плеј-оф во Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово на 26. март на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје да се игра без присуство на публика. Ова е дефинитивна одлука која Фудбалската федерација на Македонија се очекува само да ја прифати и да ја информира УЕФА.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека Владата на РСМ донела одлука за забрана за одржување на натпревари со присуство на публика во наредните 30 дена од денеска, што значи до 10. април. Токму тука влегува и натпреварот Македонија – Косово кој ќе мора да се игра без публика.

Од ФФМ претходно соопштија, со оглед на фактот дека билетите за натпреварот се веќе распродадени, дека парите на сите кои купиле билети ќе им бидат вратени.