Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум минатата недела открија дека го чекаат своето прво заедничко дете.
И додека Орландо од минатиот брак со манекенката Миранда Кер го има 9-годишниот син Флун, Кети за прв пат ќе стане мајка, а интересно е тоа што среќната вест ја откри во својот нов спот за песната Never Worn White, во кој го покажа бременото стомаче.
Пејачката откри дека не ѝ било тешко да ја крие бременоста од јавноста, а објасни и зошто.
„Никој ништо не се посомнева бидејќи секогаш сум гладна. Никогаш не сум сакала да вежбам, па сите помислија дека сум само здебелена и гладна. И да, навистина сум“, изјави Пери во интервјуто за SiriusXM Hits1.
Сега, нејзиниот свршеник на Инстаграм објави нова фотографија од бремената Кети, на која навистина се гледа како таа блеска.
„Моите бебиња цветаат“, напишал Орландо под фотографијата, со мала игра на зборови бидејќи зборот „цветање“ (анг. blooming) на англиски звучи исто како изведенка од неговото презиме.
Кети на фотографијата носи шарен фустан кој го нагласува нејзиното стомаче, а трудничкиот сјај на лицето дополнително го нагласила со шминката.
Фотографијата била направена за викендот во Мелбурн во Австралија, каде Кети настапила пред и по финалето на Светското првенство во женски крикет.