Ги сушите рацете на феновите за сушење? После ова ќе сфатите зошто не треба да го правите тоа

342 прегледи

Овие денови не престанува да се нагласува важноста за хигиена на рацете. Доколку ги миете рацете на јавни места, шансите да наидете на апаратите за сушење раце се големи, но доколку досега сте ги користеле, откако ќе го прочитате овој артикал, можеби ќе престанете.

Овие апарати стекнаа голема популарност бидејќи се практични и еколошки поприфатливи од хартиите, но истражувањата покажале дека всушност, распрскуваат бактерии.

Истражувањето објавено пред неколку години во магазинот Applied and Environmental Microbiology покажа дека овие апарати распрскуваат бактерии, а меѓу нив, со оглед на тоа дека се наоѓаат во близина на тоалетите, и фекални бактерии.

Во истражувањата биле проучувани сушари во јавните тоалети во Универзитетот Конектикан. Бидејќи некои претходни помали истржувања ги начнале овие теории, научниците биле заинтересирани дали тоа навистина е така. Се покажало дека апаратите со мала сила се преносувачи на бактерии кои во себе содржат воздух полн со бактерии, а притоа го распрснуваат на вашите раце.

Слично истражување било спроведено и на Универзитетот Квинипиак. Истражувачите поставиле петри садови под феновите за раце, со цел да видат колку бактерии се содржани во нив. Резултатите биле поразувачки.

Садовите за две минути се наполниле со колонија бактерии и тоа додека апаратот бил исклучен. За време на дување од само 30 секунти, ситуацијата се влошила. Примероците имале 18-60 колонии со бактерии.

Деталното истражување открило дека најголемиот дел од бактериите дошле од воздуот на тоалетот, во кој, се разбира, има и мноштво фекални бактерии. Поради тоа, експерите советуваат рацете да ги бришете со хартија.

***Alright, Alright, Alright… now i think is a perfect time to tell you a few things. As y'all know how viral this…

Публикувахте от Nichole Ward в Вторник, 30 януари 2018 г.

Слични содржини