Се огласи Ѓорчев и им посака успех на новите пратеници

од Берта Китинска
170 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа ги објави целосните листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на престојните избори.

Јавноста веднаш забележа дека на листите нема некои од најистакнатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во минатите состави како Влатко Ѓорчев и Илија Димовски.

Ѓорчев се огласи на фејсбук и им посака успех на новите пратеници.

-Огромна благодарност што бев пратеник. Желба за успех до новите пратеници.Да живее Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

Слични содржини