128
Бројот на заразени лица од корнавирусот во Албанија се искачи на 23. Според министерството за здравство во последните 24 часа, тестирани се 145 случаи со Ковид-19.
-Во последните 24 часа тестирани се 145 случаи со Ковид-19 и во тотал тестирани се 298 лица. До овие моменти 23 случаи се позитивни на Ковид-19, изјави заменик министерката за сдравство, Мира Ракацоли.
Новите случаи се регистрирани два во Драч, два во Елбасан, еден во Рогожина и три во Тирана.
Сите новозаболени биле во Италија.
-Пет од нив се наоѓаат во инфективната болница во Тирана. Нивната состојба до сега е стабилизирана. Додека 18 случаи кои резултирале позитивно се самоизолирале дома без некои посебни проблеми, изјави Ракацоли.