Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави дека денес биле тестирани 25 лица, а пет биле позитивни за коронавирус.
„Денеска се тестирани 25 лица, од кои пет се позитивни. Сите од нив се во апсолутно добра состојба. Четворица од нив веќе отишле дома, ќе бидат во домашна изолација затоа што немаат причина да бидат во болница. Еден пациент ќе остане на следење затоа што се пожали на некои проблеми, за да се заврши со дијагнозата до крај“, рече Лончар.
Тој додаде дека лицето немало сериозни симптоми, ниту комплицирана слика.
Лончар рече дека новозаразените лица биле од Белград и биле тестирани на Клиниката за инфективни болести, со што вкупно 25 лица се заразени.
Лончар рече дека највисоката државен врв се договара од час во час за мерките и ја следи состојбата во соработка со експерти.
„Ние ја следиме оваа состојба од час во час, се консултираме со најискусните луѓе во нашата земја и се обидуваме да ги разгледаме сите искуства на странските лекари и нивното знаење за да донесеме најдобра одлука. Одлуката сè уште не е донесена, што не значи дека нема да биде во наредните неколку часа“, изјави Лончар.
Министерот вели дека нема простор за паника, но дека е потребна одговорност и претпазливост.