Обожавателите на хоро филмовите уживаат во работите кои кај „нормалните“ луѓе предизвикуваат кошмари, а често и им се потсмеваат на таквите реакции.
Доколку и вие сте меѓу нив, а како што и ситуацијата налага, седете дома, вклучете го вашиот компјутер, лаптоп, таблет или мобилен, направете си пуканки и уживајте.
Psycho
Американскиор психолошки трилер во режија на Алфред Хичкок, е снимен по истоимениот роман на Роберт Блок. Филмот е заснован на злоделата на серискиот убиец Ед Гин од Висконсин, кој извршил сурови убиства, а подоцна ги чувал коските од своите жртви. Гин признал две убиства, а бизарните работи кои полицијата ги нашла во неговиот дом потекнуваат од неговите ноќни посети на гробиштата.
Овој случај му послужил и на Том Хупер како инспирација за филмот „Тексасшкиот масакар“ од 1974. Во момнетот на апсење, Гин во себе имал девет маски од човечка кожа.
The Exorcist
Хорор филм правен по книга која е заснована на вистински настани од животот на момчето по име Роланд До, кој бил опседнат во далечната 1949 година. Егзорцизмот наводно бил успешен, а момчето продолжило со својот нормален живот.
The Dentist
Инспирацијата за „Забарот“ е вистински доктор, кој убивал скоро две децении пред да биде осуден. Докторот Гленон Енглмен започнувал врска со убави жени, а потоа ги убедувал да се мажат за друг маж, па ги наговорувал заедно да го убијат. Нему му се препишуваат шест убиства во периодот од 1958-1980 година.
Annabelle
Најстрашната кукла која некогаш сте ја виделе навистина постои. Моментално се наоѓа во култниот музеј на Ед и Лорејн Ворен. Тие двајца тврделе дека имаат способност да ги истеруваат злите духови, што им овозможнило заедно да ги откриваат и да се борат против паранормалните сили.
Куклата парот ја презел кога го завршиле егзорцизмот врз неа. Тие верувале дека куклата била опседната од духот на девојчето кое го убила мажот кој последно ја имал куклата. Нивната приказна била инспирација за филмот Анабел.
A Nightmare on Elm Street
Како инспирација за ова остварување послужил т.н. „азиски синтром на смрта“, застрашувачки феномен кој усмртил од 130 доселеници во Америка, меѓу 1983 и 1987 годдина.НАјмногу ги заинтересирала приказната за 20-годишникот од Лаос.
Момчето со денови одбивал да спие, додека се обидувал да го убеди семејството дека има кошмари, кои не биле обични. Семејството не му верувало, туку го натерале да пие таблети за спиење.
Наводно, во еден момент слушнале страшни звуци од неговата соба, а кога отишле таму тој веќе бил мртов. Аутопсијата не ја покажала причината за смртта, па во извештајот пишувал дека станува за неразјаснети околности.
The Exorcism Of Emily Rose
Филмот е заснован на вистинската приказна за Снелајз Михел, млада девојка од Германија, која починала во 1976 година, откако се обиделе да ја лекуваат со психотропни лекови. Приказната зборува за нејзиниот краток живот, кој се врти околу религијата и нејзината борба со нешто што би се објаснало како „сили надвор од овој свет“.
The Entity
Филмот е заснован на случајот на Дорис Битер од 1974 година, која тврдела дека повеќе пати била сексуално злоставувана од невидлив ентитет. Таа била на посматрање во Универзитетот во Лос Анџелес, а нејзината ментална ситуација ја набљудувале доктори и студенти од тој универзитет.