Хакерски напади на Министерството за здравство на САД во обид да се осуетат напорите против коронавирусот

од Aleksandar Petrovski
163 прегледи

Министерството за здравство на САД било подложно на кибер напади синоќа, а поврзано со напорите што се прават за спречување на коронавирусот, изјавија официјалани лица за „Еј-би-си“.

Нападот бил во форма на ДДоС, или дистрибуиран отказ на сервис, кое се прави со испраќање на илјадници електорнски пораки од ботови а во тек на краток временски период на серверите на одреден ентитет. Поради приливот на пораки, серверите престануваат со работа.

Од министерството изјавија дека сепак немало упад во системите кои органот ги вклучи за одговор на предизвиците од коронавирусот. Се укажува дека ова, сепак, не е прв напад по започнатата криза со Ковид-19, и официјални лица за теливизијата изразија стравувања дека нема да биде ниту последен.

Аналитичари од безбедносните служби моментално работат на утврдување од каде дошле ДДоС нападите и дали се поврзани со „терористички и екстремистички групи и странски непријатели, кои ја користат ситуацијата со насоченото внимание на короанвирусот и вршат напади“.

Слични содржини