Лепа Брена и Боба во изолација: Се вратиле од пат и се тестирале за коронавирус

од Elena Daskalova
365 прегледи

Пејачката Лепа Брена заедно со сопругот Боба Живојиновиќ, по враќањето од Монако веднаш се тестирале на коронавирус и одлучиле да бидат во самоизолација.

Првичните резултати се дека се негативни на вирусот, но Брена и Боба ќе ја почитуваат одлуката ако патувале, привремено да се изолираат, за да може да се следи натамошната состојба.

„Вирусот се шири кај оние кои не го сфаќаат сериозно. Мене ми е период за пролетно чистење дома, па ќе ја искористам изолацијата за редовна дезинфекција. Придржувајте се кон здрави хигиенски навики“, порача Брена.

Таа додава дека е среќна што никој од синовите не бил на патувањето заедно со неа и Боба, но дека ќе избегнуваат контакти во следните 14 дена, за да бидат сигурни дека не се заразени со коронавирус.

Слични содржини