Европското првенство одложено за 2021 година

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Европското првенство, што требаше да се одржи летово, е одложено за една година. Федерациите на УЕФА од 55 земји членки се обединија околу оваа одлука. Првенството на Стариот континент ќе се одржи помеѓу 11 јуни и 11 јули 2021 година.

Другите два предлози што веќе се дадени се следниве:

 – Доколку дозволат условите, соодветните првенства ќе бидат завршени во текот на летото

– Да се создадат две работни групи. Едната треба да се концентрираат нивните напори на промените во календарот и сродните опции. Другата ќе разговара за финансиските импликации.

На истата средба треба да се разговара за формата во која ќе бидат комплетирани евротурнирите.