Познатиот актер медитирал во пустина: Немав поим што се случува во светот

322 прегледи

Џеред Лето потполно се изненадил кога се вратил од изолација во која ги поминал изминативе 12 дена.

„Воу. Пред 12 дена започнав тивка медитација во пустина“, ја започнал својата објава 48-годишниот оскаровец, велејќи дека немал поим за пандемијата со коронавирусот.

„Бевме потполно изолирани. Без телефон, без комуникација… Немавме поим што се случува надвор од нас… Вчера дојдов во многу поразличен свет. Свет кој се сменил засекогаш“, продолжил актерот.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

„Добивам многу пораки од пријателите и семејството од сите страни на светот и сфаќам што се случува. Се надевам дека вие и вашите блиски сте добро. Ви праќам позитивна енергија на сите“, напишал Лето и предивикал бројни ракции.

На некои, неговата приказна им била чудна, со оглед на тоа дека актерот бил активен на социјалните мрежи минатата недела, додека други коментирале дека тоа е класичниот Лето.

„Подобро да останеше во пустина, ова е лудница…“, коментирале.

Слични содржини