Каналите во Венеција никогаш не биле почисти (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
359 прегледи

Епидемијата на коронавирусот ги затвори Италијанците во своите домови, а туристи во оваа земја практично и воопшто да нема.

Италијанскиот воздух овие денови е невообичаено чист, а истото може да се каже и за познатите канали во еден од најпопуларните туристички градови во земјата и светот – Венеција.

Со оглед на тоа што во овој град поради коронавирусот нема повеќе туристи, а локалните жители се во своите домови, каналите се почисти од било кога.

Нема туристи, а тоа значи и дека нема бродски сообраќај, барем не во толкава мера. На снимките кои што се појавија на социјалните мрежи може да се види чистата вода во каналите. Локалните жители велат дека ова се навистина ретки сцени, а водата е толку чиста што можат да се видат и малите риби.

Слични содржини