Ова видео е најдобра причина да останете дома: Најтажните слики од Италија (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
256 прегледи

Колку коронавирусот го погодува населението, може да се види од италијанските весници кои последните денови, за жал, се полни со посмртници.

Дури 10 страни се посветени на посмртниците.

Извесен Давид Карета на Твитер поставил снимка која покажува како прелистува весници од Бергамо.

Примерокот од 9-ти февруари посветил две страни со последен поздрав од најмилите, меѓутоа, веќе следниот ден, бројот на страниците се зголемил на 10. Така може да се забележат повеќе од 150 посмртници, а во главно се работи за постари луѓе.

„Ова посебно ме погоди”, напишал тој.

Затоа е важна изолацијата, за да се спречи ширењето на вирусот. За жал, семејствата немаат ни можност чесно да ги погребуваат своите најблиски. Често е присутен само свештеник, бидејќи многу членови на семејството не ни излегуваат бидејќи се болни.

„Болката за некои бара блискост, но нашата тага се сведе на телефон” рекла Марта Теста, чиј татко починал од вирусот на 85 години.

Потсетуваме, северот на Италија е посебно погоден од новиот коронавирус. Починале повеќе од 2.000 луѓе, а заразени се околу 28.000.