Атрактивната манекенка Наоми Кемпбел неодамна го привлече вниманието на јавноста откако позираше на аеродромот во заштитно одело, со маска и заштитни очила, како и розеви заштитни ракавици.
Сето тоа го направи со цел да се заштити од вирусот кој се шири овие денови и веќе се болни неколку познати личности. Сега, таа на социјалните мрежи уште еднаш се осврна на неволјата со која моментално се бори целиот свет.
„Денес поминав неколку часа шетајќи со моето кумашинче. Не се сеќавам кога последен пат застанав во Њујорк, а да не размислувам за тоа каде морам да бидам во наредните 30 минути. Минатата недела кога мојот мозок го регистрираше фактот дека ќе морам да останам на едно место, во еден град, без мрдање, патување и интеракција, не можам да лажам дека тоа не ме направи нервозна и анксиозна. Учам како да се запре забрзираниот и комплициран живот на некое време.. Изминативе неколку дена ги поминав дома, во изолација со саканите. Готвев, чистев, зборував на телефон, купував намирници, читав, спиев, слушав музика и шетав на свеж воздух – напишала Наоми.