Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека денеска и во петок ќе врши темелна дезинфекција на суднцитие, ходниците, санитарните јазли, шалтерите и сите останати простории во новата и старата зграда.
„Согласно препораките на владата овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок се додека постои потреба за истото. Воедно за заштита од ширење на коронавирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска. Како суд уште еднаш упатуваме апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на владата“ се вели во соопштението од судот.
Судот во текот на денот ќе ја информирма јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период.