Тие сметаат дека извинувањето ги прави слабаци и дека на тој начин се понижуваат. Личностите родени во овие знаци секогаш сметаат дека се во прави па во ретки ситуации признаваат дека згрежиле или дека повредиле некого. Најмногу стравуваат од тоа дека ќе мора да се извинат.

Бик

Биковите се најтврдоглави, затоа навистина не чуди што се на врвот на оваа листа. Самото признавање на фактот дека згрешиле, ним тешко им паѓа, а кога ќе дојде време за извинување, ги облева ладна пот. Биковите се гледаат како лидери и многу моќни личности, затоа сметаат дека признавањето на грешката ќе го намали нивниот авторитет.

Водолија

За водолијата извинувањето исто така е покажување на слабост бидејќи сметаат дека во неа се вклучени емоциите. Затоа, во тие моменти, Водолиите, наоѓаат разни начини да го заобиколат извинувањето и работите да ги решат на ладен и неличен начин.

Скорпија

Скорпиите сметаат дека извинувањето ја открива нивната ранливост, која со сите сили се обидуваат да ја сокријат. Кога некој ќе им укаже дека се виновни, Скорпиите го сфаќаат тоа лично и најверојатно ќе се налутат и сметаат дека таа личност кова завери против нив иако, скоро во сите случаи, тоа не е вистина.

Слични содржини