Бројот на заразени со коронавирус во Србија се зголеми на 97 лица

од Nikola Popovski
118 прегледи

Во Република Србија, до 8 часот наутро во четврток, има 97 потврдени случаи на инфекција со „Ковид-19“.

Од последниот извештај од синоќа, тестирани се 46 лица, од кои 8 позитивни и 38 негативни за новиот коронавирус, објави Министерството за здравство на Република Србија на својата веб-страница covid19.rs.

Три лица со полесна клиничка слика се наоѓаат во домашна изолација, додека пет лица се задржани во болница без никакви компликации и се со стабилна општа состојба.

Во Србија досега се тестирани вкупно 486 лица кои ги исполниле критериумите за случајот.