Принцот Хари и Меган Маркл се во самоизолација со својот син Арчи во својот дом во Ванкувер. Тие одлучија самоволно да се повлечат во изолација, а сега на Инстаграм прв пат се огласија околу коронавирусот.
„Ова се несигурни времиња. Сега, повеќе од било кога, сме си потребни едни на други. Си требаме поради виситната, поддршката и како би се чувствувале помалку сами во време кое е навистина застрашувачко“, ја зпочнале објавата.
„На многу луѓе ширум светот им треба нашата потпора, сите оние кои неуморно работат за да се изборат со оваа криза. Нашата волја, како човечки битија, е да се спротиставиме на сето она што ни го носи ковид-19. Овој момент е вистинско сведоштво на човечкиот дух. Често зборуваме за сочувство. Ова ги допре сите наши животи и не обедини на глобално ниво. Многу е важно на кој начин постапуваме едни со други и со својата заедница, со емпатија и добрина. Тој наш пристап ќе не води во неделите кои доаѓаат“, напишале.
Во продолжение ветиле дека ќе споделуваат информации и факти кои ќе ги дознаваат од доверливи извпри и експерти, како и инспиративни приказни од луѓето ширум светот за да создадат „глобална заедница која ќе се поддржува едни со други и изградат дигитално соседство во кое секој ќе биде сигурен“.