Пандемијата на коронавирус ја фати поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за време на посетата на САД. Забраната за летовите го отежна нејзиното враќање во Хрватска.
Како што таа објави на Твитер, сепак успеала да се врати во Хрватска, но во следните 14 дена, ќе биде во самоизолација.
Pozdrav iz lijepe naše! Trenutno u samoizolaciji, poštujući pravila u svrhu sprječavanja širenja #COVID19, ali i iz odgovornosti prema drugima. #ostanitedoma #stayathome
— Kolinda Grabar-Kitarović (@KolindaGK) March 19, 2020
Таа посочува дека на тој начин ги почитува сите правила со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19, но и од одговорност кон другите.
Поранешната претседателка исто така ги повика луѓето да останат во своите домови и со тоа да придонесат за спречување на ширење на инфекција со коронавирус.