Разработен брз тест за коронавирус

од Aleksandar Petrovski
179 прегледи

Универзитетот во Оксфорд развил метод за брза анализа на примероци за инфекција со новиот коронавирус, објави ТАСС. Според експертите, анализата открива присуство на болеста во раните фази, кога концентрацијата на вирусот во организмот е сè уште мала, пренесе БГНЕС.

Како што е објавено од веб-страницата на универзитетот, добивањето на резултатот трае половина час и само бара одржување на постојана температура на примерокот.
„Уникатноста на новата анализа е како се открива вирусот, бидејќи може да се препознаат фрагменти RNA или SARS-CoV-2 (COVID-19). Методот веќе вклучува проверки за лажни позитивни или лажни негативни тестови и демонстрира висок степен на точност.” вели професорот Веи Хуанг, еден од развивачите на методологијата.

Како што е наведено во публикацијата, РНК-проценките за новиот вид коронавирус во моментот траат помеѓу час и половина и два часа.
Предноста на новата техника, покрај неговата брзина, е што резултатот може да се одреди со голо око и надвор од лабораторијата. Анализата открива присуство на инфекција во раните фази, кога концентрацијата на вирусот во организмот е сè уште мала. Научниците се надеваат дека благодарение на оваа нова техника, властите навремено ќе идентификуваат повеќе заразени и ќе ги изолираат, со што ќе се спречи ширењето на инфекцијата.

Новата технологија беше развиена под водство на проф. Веи Хуанг и неговиот колега Куи Чунгфен. Тестовите беа спроведени во Центарот за истражување на универзитетот Оксфорд во Сучжоу, Кина и во болницата во Шенжен, со првични експерименти во Велика Британија. Во моментов се работи на развивање на уред за анализирање и обработка на резултатите. Ако ефективноста на методологијата биде потврдена во клиничките поставувања во Велика Британија, може да започне со производство на нови комплети за тестирање.