Охриѓанка пријавена за исчезната пронајдена почината

од Берта Китинска
333 прегледи

Жител на охридското село Велгошти вчера околу пладне во СВР Охрид пријави дека недалеку од селото, во месноста „Чурила“, забележал починато лице.

-По извршениот увид, констатирано е дека станува збор за Д.Н.(80) од с.Велгошти, која на 07.03.2020 била пријавена за исчезната. По извршен преглед од лекар патолог било констатирано дека нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт, информираат од СВР Охрид.

Слични содржини