Коронавирусот ја зеде својата прва жртва во Србија

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, денеска објави дека коронавирусот ја зеде својата прва жртва во Србија. Станува збор за 59-годишен пациент од Кикинда.

„Ќе сториме сé што можеме за да имаме што е можно помалку жртви во оваа борба. Ќе бидеме колку што е можно порестриктивни за да го спасиме секој живот“, рече Брнабиќ.

Коронавирусот не било единственото со кое се борел починатиот пациент, откако тој имал голем број здравствени проблеми, пренесоа српските медиуми. Ова го потврдил лекарскиот тим што го лекувал.

„На сите ни е дадена лоша опомена за тоа колку е тешка борбата со која се соочуваме“, рече Брнабиќ, велејќи дека уште осум граѓани се борат за нивните животи.

Во Република Србија, до 18 часот, 19 март 2020 година, регистрирани се вкупно 135 потврдени случаи со КОВИД 19.