Како изгледа борбата против коронавирусот во градот кој е најтешко погоден (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
288 прегледи

Болницата на папата Јован XXII во Бергамо е најтешко погодена здравствена установа од пандемијата со новиот коронавирус, а на видеото на Скај њуз од таа болница се прикажани застрашувачки сцени – ходници исполнети со болнички кревети со пациенти и медицински персонал, во постојано брзање облечени со маски, ракавици и заштитни костуми.

Снимките на Скај њуз покажуваат дека се е полно со луѓе заразени со вирусот, вклучително и простории за чекање.

Бергамо се наоѓа во северна Италија, во провинцијата Ломбардија, која е најтешко погодената област во земјата. Бројот на починати е над 2.550. Бројот на новопристигнати пациенти не опаѓа, а истото се случува и низ северна Италија.

Во прилогот се наведува дека персоналот работи без престан за да се обиде да спаси што е можно повеќе луѓе. Тие се собираат околу новопристигнатите пациенти за да им постават монитори за мерење на отчукувањата на срцето, инфузија и што е најважно, респиратори, без кои пациентите не можат да преживеат.