Рита Вилсон рапува од карантин (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
424 прегледи

Рита Вилсон и Том Хенкс беа меѓу првите популарни личности кои јавно објавија дека се заразени со коронавирус.

Најпрво поминаа неколку дена во болница во Австралија, а сега се во домашна изолација, каде чекаат да закрепнат и да ги повторат тестовите.

Вилсон на својот профил на Инстаграм објави видео како го поминува времето во изолација. Таа ја рапува песната „Hip Hop Hooray“ од 1992 година.

Ова е нејзино прво огласување во јавноста откако Хенкс ја објави веста дека се заразени со опасниот вирус поради кој е прогласена пандемија.

View this post on Instagram

See it to believe it

A post shared by Rita Wilson (@ritawilson) on

Слични содржини