Џонсон: Да не ни случи крах на здравствениот систем како во Италија

од Aleksandar Petrovski
153 прегледи

Британската Национална здравствена служба може за само две недели да биде скршена од коронавирусот како и италијанскиот здравствен систем, предупрeди денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој соопшти дека до Британците апелирал да остнат во нивните домови за да може да се запре ширењето на коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.

-Бројките се сосема јасни и тие се зголемуваат. Ние сме само една или две недели зад Италија, истакна Џонсон.

Британската Влада забрзано ги засилува мерките во борба  против коронавирусот.

Затворени се училиштата, а на баровите и рестораните им е наредено затворање, а од луѓето е побарано да ги избегнуваат социјалните собири.