Српски доктор: Со лек против маларија веќе ги лечиме заболените од коронавирус!

од Aleksandar Petrovski
343 прегледи

Лекот „хлорикин“, со кој се лечи маларија и се користи веќе 30 години во Србија, се користи и при лекување на пациенти со коронавирус – изјави Д-р Владимир Ѓукиќ, директор на КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“ на Дедиње за српски „Курир“.

– Во третманот на пациенти „хлорикин“ се користи исклучиво според третманот пропишан од Клиниката за инфективни болести на КЦС, затоа што во нашата институција пациентите доаѓаат од таму, бидејќи Инфективното сè уште е прво место за тријажа на пациенти со коронавирус. Значи, ги применуваме сите протоколи пропишани од Инфективно, кои се различни во зависност од степенот на заболување, како луѓето реагираат на одреден лек и неговата доза, кои се физичките карактеристики, колку се високи, тешки …

Според Ѓукиќ ова не е единствениот лек што го користат.

– Ние користиме цела низа антивирусни лекови, како и други кои можат да бидат корисни за закрепнување, и се консултираме со инфектолози, пулмолози и други специјалисти. Секако, ги советуваме граѓаните да не прават ништо самостојно и да не купуваат лекови за кои нешто слушнале, за да мислат дека можат да им помогнат. Особено затоа што не постои превенција кај коронавирусот. Ништо не може да се преземе однапред за да се спречи можна болест.

-Имаше и болни деца од коронавирус, но тие веќе се пуштени на домашно лекување, бидејќи имаа поблага болест. Секој е зафатен од овој вирус, без оглед на возраста, вклучително и децата. Ова е причината зошто изолацијата е толку важна. Ние сме во војна со тешка респираторна инфекција и клучно е да останеме дома, заклучи Ѓукиќ.