Сезоната на лалиња во Холандија е започната, но е загрозена бидејќи се уништуваат милиони лалиња дневно поради пандемијата од коронавирусот, која драстично ја намали продажбата.
Полињата со лалиња, рози, хризантеми и други цвеќиња чекаат на уништување на најголемиот светски маркет на цвеќиња.
„Тоа е единствено што ни преостанува“, рекол Мајкл ван Ски, портпарол на Royal FloraHollanda, холандско здружение на цвеќари и воедно најголемата аукциска куќа за цвеќиња.
„Холандската аукција на цвеќа постои повеќе од 100 година и никогаш не сме биле во ваква криза“, рекол тој за AFP.
Тие тврдат дека уништиле меѓу 70 и 80 отсто од холаднското годишно произведување на цвеќа. Тоа е тежок удар за земја каде лалињата се еднакво важен симбол на националниот идентитет како и ветерниците, сирењето и кломпите.
Кризата со коронавирусот им пристигна во најлошо време.
„Одгледувачите на лалиња цвеќињата ги собираат од јануари до април-мај и всушност се сред сезона, а поради вирусот нема никаква побарувачка“, рекла Приска Клеијн, членка на сојузот на одгледувачи.
Единствено што простанува е да ја поткренат кампањата „Купете цвеќе, а не тоалетна“.