Филипче: Од утре ќе се пуштат повеќе автобуси на неколку линии

од Берта Китинска
199 прегледи

Министерот за здрвавство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за најновите податоци со коронавирусот во земјава.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1), соопштија од министерството за здравство.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, информираше министерот.

По денешната реакција за намалениот број автобуси и гужвите кои настанаа министерот одговори.

-Во разговор со градоначалникот на Скопје возниот ред беше пореметен заради полицискиот час. Од утре овој проблем ќе биде решен, се  подготвува зголемување на бројот на автобуси на одредени линии во утринските часови, односно на утринските линии, изјави Филипче.

Слични содржини