Куманово бара од Владата воведување карантин на територијата на цела Општина

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус).

На состанокот беа донесени препораки, заклучоци и мерки, а од Владата се бара воведување карантин на територијата на цела Општина

– Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе препорака (Одлука) за воведување карантин на територијата на Општина Куманово, со поставување на контролни пунктови од страна на МВР на секој влез и излез во градот, на кои воедно ќе се врши контрола и соодветна дезинфекција на сите возила и патници, кои влегуваат во Куманово, се вели во соопштението.

Оттаму бараат од Владата да обезбеди и поголем број на тестови за вирусот и да отвори повеќе пунктови за тестирање на лица, какои зголемување на полициски час во времетраење од 18.00 до 06.00 часот.

„Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово да изврши дезинфекција во сите влезови на станбени згради и ходници и се препорачува да бидат затворени капелите во наредниот период, а погребување да се врши на самото гробно место, се вели во соопштението

Се бара од Општина Куманово да даде на користење и четири возила на СВР Куманово за нивни потреби, по претходно доставено барање од нивна страна.

Слични содржини