370
Олга Кириленко, која беше заразена со коронавирус, соопшти дека веќе не е болна и дека целосно се излечила.
Поранешната Бонд-девојка беше меѓу првите ѕвезди која јавно откри дека е заразена со вирусот, неколкупати јавно се обрати и ги откри деталите од лечењето, а сега конечно сподели и добри вести.
„Целосно сум излечена“, напиша во описот на фотографијата на Инстаграм, на која се уште носи маска на лицето, а во рацете го држи својот син.
„Првата недела ми беше лошо, спиев, поминав многу време во кревет со треска и силна главоболка. Втората недела треската помина, кашлав и бев многу уморна. Сега е добро, кашлицата уште трае, но само наутри, но во текот на денот ја нема“, додава таа.