Пет начини за опуштање во стресни времиња

344 прегледи

Овие денови не е лесно да се биде опуштен и безгрижен, но стресот не е она што сега ви треба.

Обидете се бар на кратко да се опуштите на еден од следните пет начини:

Чистете

Чистењето на домор всушност усреќува и опушта иако многумина домашните обврски ги одбегнуваат, а на таквите експертите ги советуваат да го смениат начинот и редоследот на чистењето.

Направете домашно СПА

Наполнете ја кадата со топла вода, додајте мирисна купка и неколку капки етерично масло по избор. Нанесете хранлива маска на лицето која ќе делува додека се опуштате во купката. По маската, намачкајте хидратантен лосион и оморете половина час во кревет со свежо сменета послтелнина. Доколку имате туш кабина, дозволете си малку подолго туширање со менување на топла и ладна вода.

Читајте книга

Исклучете ги сите електронски уреде околу, запалете мирисна свеќа, сместете се удобно и уживајте во добро четиво. Освен што ќе одморите од технологијата, автоматски ќе го збогатите својот вокабулар и ќе ги тренирате мозочните ќелии. Книгата максимално ќе ве опушти отколку бесцелното лутање низ социјалните мрежи.

Медитирање

Сигурно бар еднашка некој ви препорачал медитација за опуштање, доколку тоа не сте го направиле досега, сега е идеално време. Најдете видеотруторијали на Јутјуб или едноставно некое време седете во тишина со затворени очи и обидете се да ги разбистрите мислите.

Гответе

Многумина токму готвењето ги опушта, а доколку не сте меѓу нив, можете да се обидете да направите нешто ново, би можеле да се изненадите од тоа што ќе излезе.

Слични содржини