Од утрово потврдени се уште шест случаи на коронавирус во Хрватска и сега се заразени вкупно 315, соопшти попладнево Националниот штаб за цивилна заштита.
„Нема влошување на клиничката слика на хоспитализираните, пет се на респираторна машина“, рече министерот за здравство Вили Берош на прес-конференција.
Во последните 24 часа, потврдени се вкупно 61 заразен со коронавирус.
Меѓу заразените е и државниот секретар во Министерството за градежништво Даниел Метриќ, соопшти денеска Министерството.
Тој е во болница во Вараждин и има поблаги симптоми, а секој што имал контакт со него е во изолација, вкупно петмина од министерството. Ресорниот министер Предраг Штромар не бил во контакт со него.