Дизни го предвидел вирусот? Принцезата била во изолација од кралството Корона

547 прегледи

И додека цел свет се соочува со пандемија, бројни Дизни фанови дојдоа до теорија дека всушност Дизни го предвидел кобниот коронавирус. Се започна кога оваа продукциска куќа во 2010 година го извади анимираниот филм Tangled. Станува збор за класика која делумно е базирана на бајката на браќата Грим – Златокоса.

Приказната на филмот е повеќе од интересна: Старицата Готел наоѓа цвет, а тој и овозможува да се подмлади. Но цветот подоцна го земаат војници од кралството кое се вика Корона, за да го искористат за лекување на својата бремена и болна кралица.

Кога се разболела, цветот и го спасил животот, а кралицата родила принцеза со златна коса. Готел сфаќа дека косата на принцезата содржи лековити својства па ја киднапира и ја затвора во кула како би ја задржала својата младост.

Осумнаесет години подоцна Златокоса бара од Готел, за која е уверена дека и е мајка, да ја пушти надвор во светот. Но Готел не и дозволува да оди во Корона со објаснување дека надвор е преопасно за неа.

Ова сценарио и моменталната пандемија беа доволни за користниците на социјалните мрежи да развијат бројни теории на заговор.

„Филмот на Дизни, Tangled, се работи за девојка која е во изолација во кралството Корона, добро одиграно“.

„На Златокоса не и е дозволено да ја напушти тврдината додека е во Корона. Случајност? Не би рекла!“

Слични содржини