(ГАЛЕРИЈА) Дневна „скопска шема“ во време на коронавирус

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Улиците во Скопје и денеска се полупразни, а сообраќајот со намален интезитет поради ситуацијата со коронавирусот и новите мерки на Владата донесени на синоќешната седница.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40), Куманово (8), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1),соопштија од МЗ.

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, Владата вчера ја замени со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

Владата на вчерешната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.