Србите на „корона шопинг“ потрошиле 8,5 милиони евра за три недели

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Домаќинствата во Србија, во период од 24-ти февруари до 15-ти март, на храна, пијалаци, лична хигиена и хемиски средства за домот, потрошиле 8,5 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, пренесуваат српските медиуми, цитирани од Бизнис Инфо.

Сапуните се едни од најбараните производи во Србија, веднаш зад шеќерот и брашното. Водечките трговски синџири во Србија го зголемиле своето пазарно учество во овие три недели, со раст на потрошувачката на домаќинствата за 20%, а трговските марки забележале поголема стапка на раст во однос на брендираните производи.

Во таканаречениот корона шопинг, учеството на производи купени на промоција се намали, а домаќинствата сочинети од помлади членови не прават толкави залихи од храна, како што е случајот со домаќинства во кои живеат постари лица.

Купувачите од Белград и Војводина трошеле малку повеќе пари за залихи, во споредба со домаќинствата во источна и јужна Србија.

Убедливо највисок раст, повеќе од 70% има кај брашното, шеќерот и сапуните, а потоа замрзнатиот зеленчук, конзервирана риба, јајца, тоалетна хартија, тестенини, замрзнато тесто и масло за јадење.

Слични содржини